Турската крајбрежна стража спаси од морето 85 турнати мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Групата мигранти со гумен чамец отпловиле од брегот на Ајвааџик кај градот Чанаккале и се обиделе да преминат на грчкиот остров Мидилли (Лезбос) при што биле пресретнати од страна на грчката крајбрежна стража и турнати кон турските територијални води

1429332
Турската крајбрежна стража спаси од морето 85 турнати мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале спаси 85 мигранти (бегалци) качени во гумен чамец за којшто се наведува дека од страна на припадниците на грчката крајбрежна стража биле турнати т.е. присилно вратени назад во турските територијални води.

Групата мигранти со гумен чамец отпловиле од брегот на Ајвааџик кај градот Чанаккале и се обиделе да преминат на грчкиот остров Мидилли (Лезбос).

Како што се наведува 85-те мигранти кои биле забележани од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води. 

На барање помош од мигрантите на местото на настанот беа испратени екипи на турската крејбрежна стража кои во близина на 'ртот Кадирга ги спасија мигрантите од морето.

На мигрантите меѓу кои имаше и жени и деца кои беа донесени во станицата на крајбрежната стража во месноста Ќучуккују им беше раздадена храна и облека.



Слични вести