Продолжува континуираниот пад во бројот на починатите и новозаразените од Ковид-19 во Турција

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 21 лице, дијагностицирани се 988 новозаразени, а оздравеа уште 926 заболени пациенти од вирусот... Досега починаа вкупно 4.630, инфектирани се 167.410, а се излекувани вкупно 131.778 лица

1429678
Продолжува континуираниот пад во бројот на починатите и новозаразените од Ковид-19 во Турција

Турција продолжува да бележи успех во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што продолжува и континуираниот пад во бројот на смртните случаи и новите случаи на заболени од вирусот.

Во изминатите 24 часа бројот на починатите се намали на 21 лице, со што вкупниот број на смртни случаи достигна до 4.630.

Во изминатото деноноќие се направени 54.234 теста од кои се дијагностицирани 988 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 167.410 лица.

Заедно со уште 926 излекувани вкупниот број на оздравените пациенти кои досега се отпуштени од болница во Турција се зголеми на 131.778 лица.



Слични вести