Претседателот Ердоган до „Глобалниот самит за вакцина 2020“: Ковид-19 не потсети дека сме едно големо семејство

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека новиот тип коорнавирус (Ковид-19) не потсети уште еднаш дека всушност сме едно големо семејство

1429620
Претседателот Ердоган до „Глобалниот самит за вакцина 2020“: Ковид-19 не потсети дека сме едно големо семејство

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака во која им се обрати на учесниците на „Глобалниот самит за вакцина 2020“ што се одржува во главниот град на Велика британија, Лондон.

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека новиот тип коорнавирус (Ковид-19) не потсети уште еднаш дека всушност сме едно големо семејство.

Нагласувајќи дека колку што е значајно пронаоѓањето на вакцината, од крајно големо значење е и тоа таа да биде заедничка сопственост на човештвото и да се произведува во доволен број за сите, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Не треба да се дозволи епидемијата на Ковид-19 да ги продлабочи уште повеќе неправдите во светот. Ковид-19 не потсети уште еднаш дека всушност сме едно големо семејство. Турција од почетокот на епидемијата ја потцрта глобалната солидаризација.“

 



Слични вести