Караисмаилоглу: Турција планира на 10 јуни постепено да ги започне авионските летови кон 40 земји

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира дека се планира од 10 јуни постепено да започнат летовите кон 40 земји

1429501
Караисмаилоглу: Турција планира на 10 јуни постепено да ги започне авионските летови кон 40 земји

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу објави писмено соопштение во кое информира дека Турција која во споредба со другите земји во светот ја преброди успешно борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) еден по еден (редум) ги става во примена своите чекори во рамките на „новата нормализација“.

Караисмаилоглу информира дека се планира од 10 јуни постепено да започнат летовите кон 40 земји.

Привлекувајќи внимание дека со преземање на мерките за борба против епидемијата на највисоко ниво на 1 јуни се започнати домашните летови и дека се започнати иницијативите кај 92 земји и по прашањето на меѓународните летови, Адил Караисмаилоглу рече: „Планираме од 10 јуни постепено да ги започнеме авионските летови кон 40 земји.“

Караисмаилоглу напомена дека во врска со започнувањето на меѓусебните меѓународни летови во прва фаза се склучени преддоговори со 15 земји и го рече следното: „За меѓународните летови продолжува нашата соработка со 92 земји. Со организациите и земјите соговорници разговараме во точката на безбедното остварување на летовите. Во моментов за започнување на меѓусебните меѓународни летови постигнавме договор со Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Австрија, Литванија, Србија, Казахстан, Албанија, Белорусија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Молдавија, Узбекистан, Украина, Мароко, Јордан, Судан и Италија.“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, вака ги наброи меѓународните летови коишто ќе бидат започнати постепено почнувајќи од 10 јуни: „На 10 јуни Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Бахреин, Бугарија, Катар, Грција; На 15 јуни, Германија, Австрија, Азербејџан, Република Чешка, Хрватска, Хонгконг, Швајцарија, Јапонија, Република Северна Македонија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Сингапур, Словенија, Таџикистан; На 20 јуни Холандија, Казахстан; Почнувајќи од 22 јуни Албанија, Босна и Херцеговина, Данска, Естонија, Финска, Јужна Кореја, Ирска, Црна Гора, Киргистан, Летонија, Луксембург, Норвешка, Словачка; на 25 јуни Белгија.“

 



Слични вести