Ердоган: „Либиските браќа нема да ги препуштиме на милоста на легионерите“

За изнаоѓање легитимно и праведно решение на проблемот во Либија на меѓународна платформа, Турција ќе се раководи со владата на Сараџ

1429630
Ердоган: „Либиските браќа нема да ги препуштиме на милоста на легионерите“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека либисиките браќа никогаш нема да ги препуштиме на милоста на пучистите и легионерите.

По средбата со либискиот премиер Фаиз Ас-Сараџ кој престојуваше во посета на Анкара, претседателот Ердоган и Сараџ одржаа заедничка прес конференција.

Ердоган во говорот во оваа прилика рече дека и покрај подмолните и кукавички напади на силите на пучистот Хафтар, Владата на националн единство на Либија ги презеде потребните мерки за заштита од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

На сите оние коишто го поддржаа пучистот Хафтар и во Либија предизвикаа крвопролевање и солзи, ќе им суди историјата.

Либија не може да се препушти да биде претставена и застапена од страна на некое лице кое постојано се заканува на иднината на земјата.

Либисиките браќа никогаш нема да ги препуштиме на милоста на пучистите и легионерите.

Со либискиот премиер Сараџ постигнавме согласност за развој и унапредување на соработката на териториите на Либија.

Планираме да ја развиеме соработката со Либија во сите сфери, вклучувајќи ги и активностите искористување на природните богатства на Источниот Медитеран како и активностите за пребарување и дупчење“ рече претседателот Ердоган.

Во врска со напорите и активностите за изнаоѓање политичко решение во Либија под покровителство на ОН, Ердоган рече: „Премиерот Сараџ и неговата влада, покрај човечките злосторства на Хафтар и неговите приврзаници, секогаш покажа позитивен став.

За изнаоѓање легитимно и праведно решение на проблемот во Либија на меѓународна платформа, Турција ќе се раководи со владата на Сараџ.

Уште еднаш го повторуваме нашиот повик за спречување на илегалната продажба на нафтата од страна на пучистот Хафтар, која е право и сопственост на либискиот народ“, рече претседателот Ердоган.

Либискиот премиер Сараџ во говорот изрази благодарност на храбриот став на Турција и на пуистите им се обрати со зборовите дека се на крајот на почетокот. Повлечете се од Либија. Нема враќање назад. Нема се застанеме се додека не го уништиме непријателот. Нема да се пружи никаква шанса за преговори“ подвлече Сараџ.



Слични вести