Фахретин Алтун оствари телефонски разговор со американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд

Главна тема на телефонскиот разговор меѓу Алтун и Сатерфилд беше загриженоста на Турција за вработените во турските медиуми по повод нападите во САД

1429182
Фахретин Алтун оствари телефонски разговор со американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд

Директорот на дирекцијата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун оствари телефонски разговор со американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд.

Главна тема на телефонскиот разговор меѓу Алтун и Сатерфилд беше загриженоста на Турција за вработените во турските медиуми по повод нападите во САД. Од амбасадорот Сатерфилд беше добиена гаранција дека Вашингтон активно ќе го следи прашањето за безбедноста на турските новинари.

Фахретин Алтун на разговорот уште еднаш потенцираше дека мировните протести се легитимно право, додека насилството секогааш е незаконит акт. САД за жал го поддржуваше движењето АНТИФА која соработуваше со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ на северот на Сирија, а кое движење од 25 мај наваму е причина за насилствата во оваа земја.

На средбата беше подвлечено дека Турција продолжува со активната соработка со САД во борбата против тероризмот и терористичките организациии и покрај тоа што претходно пријатески ја предупреди сојузничката држава во НАТО – САД за терористичките организации ФЕТО и ПКК/ЈПГ.



Слични вести