Во руралните подрачја на градовите Битлис и Тунџели неутрализирани уште тројца терористи

Во руралното подрачје на градот Битлис се неутрализирани двајца терористи, а во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели е неутрализиран терористот по име Хасан Аташ, член на терористичката организација ТКП/МЛ

1428619
Во руралните подрачја на градовите Битлис и Тунџели неутрализирани уште тројца терористи

За време на антитерористичките операции коишто се реализираат за воспоставување на внатрешната безбедност во руралното подрачје на градот Битлис се неутрализирани двајца терористи, а во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели е неутрализиран терористот по име Хасан Аташ, член на терористичката организација ТКП/МЛ кој се наоѓа на списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја. 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во руралното поддрачје на градот Битлис кадешто пред 3 дена беа неутрализирани тројца терористи, денеска се неутрализирани уште двајца терористи.

Министерот Сојлу рече дека операциите против терористите во подрачјето на градот Битлис продолжуваат.

Од друга страна пак, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели е неутрализиран терористот по име Хасан Аташ, член на терористичката организација ТКП/МЛ кој се наоѓа на списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја. 

Во објавеното соопштение од страна на министерството се истакнува дека операциите во подрачјето на градот Тунџели продолжуваат.

Во меѓувреме, турските безбедносни сили кои продолжуваат да трагаат по терористите како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата, во успешно реализираните операции минатиот месец неутрализираа 70 терористи меѓу кои се наоѓаат и т.н. одговорни личности, водачи, со што ѝ нанесоа тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.



Слични вести