Советот за национална безбедност: Со одлучност ќе продолжи борбата на Турција против тероризмот

Во објавеното соопштение по состанокот на Советот за национална безбедност (МГК) што се одржа вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше истакнато дека со одлучност ќе продолжи борбата на Турција против тероризмот

1428377
Советот за национална безбедност: Со одлучност ќе продолжи борбата на Турција против тероризмот

Вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на Советот за национална безбедност (МГК).

Во објавеното соопштение по состанокот беше истакнато дека со одлучност ќе продолжи борбата на Турција против тероризмот и се истакнува следното: „Беше истакнато дека без отстапки ќе продолжат да се бранат правата и интересите на нашата земја на копно, во морето и во воздухот.”

Во соопштението се нагласува дека ќе продолжи со одлучност борбата којашто се води против тероризмот против сите терористички организации внатре во границите на земјата и надвор преку границата /../, а пред се против терористичките организации ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ, ДЕАШ и ФЕТО, кои се закануваат на националното единство, заедништвото и опстанокот на нашата земја.

Потврдено е дека ќе продолжат без отстапки и повеќе димензионалните активности коишто се водат во правец на одбраната на територијалниот интегритет на Сирија и „доброволното, поносното и безбедното“ враќање на Сиријците во својата земја, исчистувајќи го притоа подрачјето од терористичките организации.   

Во соопштението, во врска со легитимните чекори коишто ги фрла Турција во Средоземното Море (Медитеранот) се истакнува следното: „Разгледани се негативните приоди на некои актери во правец на легитимните и правни чекори на нашата земја во Средоземното Море, а кои се обединуваат во заедничките интереси против Турција. Нагласено е дека ќе продолжат воено консултантските услуги коишто и се даваат од страна на Турција на легитимно признатата либиска влада од страна на Обединетите нации, која вложува напори за зачувување на политичкото единство и територијалниот интегритет на Либија и за воспоставување на мирот и спокојството на териториите на оваа земја, а воедно е упатен повик до меѓународната заедница да презентира принципиелен став против мрачните структури кои насилно се обидуваат да ја одземат волјата на либискиот народ и целат против легитимната либиска влада.“ 

Освен тоа, во објавеното соопштение на крајот на состанокот на Советот за национална безбедност се нагласува дека е потцртан успехот што го бележи Турција во беспоштедната борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која го зафати целиот свет, во секоја сфера, а поготово во сферите на здравството, храната, технологијата, економијата, јавниот поредок и безбедноста.



Слични вести