Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 24 лица и вкупно изнесува 4 609 лица

1428984
Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 24 лица и вкупно изнесува 4 609 лица.

Во истиот период беа остварени 52 305 тестови од кои 867 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 931 пациент, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 130 852 лица.

Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека адаптацијата кон правилата на „новата нормала“ кои на сила стапија од 1 јуни ќе го определи текот на враќањето кон „старата нормала“.

Министерот Коџа во продолжение рече направи проценка на стапката која ја постигна Турција во борбата против вирусот и патоказот кој што ќе се следи во иднина, потенцирајќи дека во случај граѓаните да се придржуваат на определените правила, не се очекува втор бран на епидемијата.

Коџа во оваа прилика уште еднаш потенцираше на значењето на носењето маска, социјалната дистанца и хигиената на рацете во борбата против Ковид-19 и предупреди дека во случај да не се почитуваат правилата, тогаш неизбежно ќе се вратиме назад.



Слични вести