Мевлут Чавушоглу: Во Источниот Медитеран нема да важи ниту еден договор без Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во Источниот Медитеран нема да важи ниту еден договор без Турција

1428667
Мевлут Чавушоглу: Во Источниот Медитеран нема да важи ниту еден договор без Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал кадешто направи проценка на актуелните случувања.

Чавушоглу истакна дека во Источниот Медитеран нема да важи ниту еден договор без Турција.

Во врска со случувањата во Источниот Медитеран, Мевлут Чавушоглу подвлече дека целта на Турција е да соработува со секого и дека и кипарско-грчкиот дел треба да се договори со Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во врска со правичното споделување на богатствата во околината на островот Кипар.

„Ние, сме за соработка со секого во Источниот Медитеран, меѓутоа до денеска други земји во регионот како Грција, Египет, Израел исклучувајќи не нас се обидоа да соработуваат меѓусебно. Ние ним им велевме дека не е важечки ниту еден договор без Турција и дека на крај нема да вроди резултат ниту една соработка без Турција. Тоа го покажавме и со чекорите коишто ги фрливме. Нема дозвола за создавање на состојба на свршен чин. Ако сакате да соработувате во Источниот Медитеран дојдете кај нас.“ - рече Чавушоглу.

Во врска со реакцијата којашто ја покажа Грција поради читањето на сурата Фетих од Куранот во Ајасофија во рамките на манифестациите по повод одбележувањето на 567 годишнината од освојувањето на Истанбул пак, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Зарем ќе прашуваме некој друг за тоа каде ќе се чита езан или Куран-и Керим во Република Турција?“

Нагласувајќи дека Грција е последната земја која ќе ја советува Турција по ова прашање, Чавушоглу подвлече дека Атина е единствениот главен град во Европа во кој нема џамија.

„Ајасофија е во сопственост на Република Турција и таа е освоена.“ - порача Чавушоглу.

Мевлут Чавушоглу се сврна и на последните случувања во Либија во врска со што истакна дека лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на оваа земја Халифа Хафтар се уште не е на страната на политичко решение и напомена дека земјите како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет и Франција го поддржуваат Хафтар.

Чавушоглу подвлече дека Хафтар во последно време ја зголеми својата агресивност и дека владата на либискиот премиер Фајез ал-Сараџ кој го увиде тоа премина во противнапад при што почна да го одбива нападите на милициските сили на Хафтар и зазеде значајни места.

„Заземањето на поморскиот појас од Триполи до Тунис и на меѓународните аеродроми, како и напредувањето од воздух и од копно, всушност покажуваат дека Хафтар не може да ја добие оваа војна.“ - рече Чавушоглу.  

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во полициско насилство во САД и го истакна следното: „Не може да се прифати полицијата да убие некого на таков начин без оглед на неговата раса, јазикот или верувањето.“

Тој истакна дека продолжува расизмот којшто постои во САД и рече: „Така да во врска и со полицаецот од чија страна е извршено ова убиство треба да функционира правдата на начин на кој ќе биде олесната совеста на секого.“

Чавушоглу нагласи дека од друга страна не е правилно и протестите поради ова убиство да се претворат во вандализам и дека тоа е многу опасно.

„Не го поддржуваме тоа на тој начин да се претвори во вандализам независно од тоа за која земја станува збор, не само во САД, туку и во било која друга земја. Тоа не го сметаме за правилно. Се надевам дека што поскоро ќе преовладее здравиот разум. Од овде повикуваме на воздржаност.“ - порача министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести