Спасени 45 бегалци кои беа турнати од страна на грчката крајбрежна стража
Меѓу бегалците се наоѓаа жени и деца

Пред крајбрежјето на Дикили кај Измир беа спасени 45 бегалци кои беа турнати од страна на грчката крајбрежна стража и принудени да се вратат кон турските територијални води.
Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Командата на крајбрежната стража беше истакнато дека по приемот на информацијата дека пред крајбрежјето на Дикили се наоѓа гумен чамец со бегалци, екипите на крајбрежната стража со чамци заминаа на местото каде што се наоѓаше гумениот чамец.
Во операцијата беа спасени 45 бегалци кои од страна на грчката крајбрежна стража беа турнати во морето и принудени да се вратат во турските територијални води. Меѓу бегалците се наоѓаа жени и деца од кои 26 од сириско, 5 сомалиско потекло, 3 од Конго,3 од Еритреја, по 2 од Сенегал, Мавританија и Гвинеја.
Слични вести
