Реализирана четиринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола во Идлиб, во Сирија

Министерството за национална одбрана соопшти дека на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во Сирија, со учество на копнените и воздушните елементи на Турција и Русија е реализирана четиринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола

1428226
Реализирана четиринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола во Идлиб, во Сирија

Денеска е реализирана четиринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во Сирија, со учество на копнените и воздушните елементи на Турција и Русија е реализирана четиринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 5 март во Москва постигнаа договор во чии рамки се реализираат заеднички патроли на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Договорот содржи заклучно со 6 март стопирање на сите воени активности во должина на контакт линијата во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, формирање на безбеден коридор на длабочина од 6 километри северно и 6 километри јужно од Автопатот М-4, започнување на заеднички турско-руски патроли на 15 март во должина на Автопатот М-4 во делот од Трумба (на 2 километри западно од Серакиб) до Ајн ал Хавр.

 



Слични вести