Предупредување од министерот за здравство Фахреттин Коџа до граѓаните во врска со коронавирусот

„Доколку со преземените мерки не ја воспоставите вашата безбедност против вирусот, не можете да знаете со каков резултат ќе се соочите“ - напиша министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на Твитер

1428231
Предупредување од министерот за здравство Фахреттин Коџа до граѓаните во врска со коронавирусот

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер достави предупредувања до граѓаните во врска со борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Коџа го истакна следното: „Укинувањето на ограничувањето за излегување на улица (движење) да не значи дека сѐ е вратено во нормала. Доколку со преземените мерки не ја воспоставите вашата безбедност против вирусот, не можете да знаете со каков резултат ќе се соочите.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во својата споделена објава на турски и кинески напиша: „Доживувањата на еден заболен од коронавирусот на интензивна нега ви се туѓи колку и кинескиот јазик.“



Слични вести