Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со советникот Обрајен

Калин и Обрајен разменија мислења во врска со актуелните случувања во Либија и Сирија и други актуелни прашања

1427878
Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со советникот Обрајен

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со амбасадорот Роберт Обрајен, советникот за национална безбедност на САД.

Во соопштението кое беше објавено од страна на портпаролството на претседателството беше истакнато дека на телефонскиот разговор меѓу Ибрахим Калин и Обрајен беа разменети мислења во врска со актуелните случувања во Либија и Сирија, борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), борбата против тероризмот и протестите во последните денови во САД.

На разговорот беше подвлечено на значењето и потребата за воспоставување примирје во Либија под покровителство на ОН вклучувајќи ги и одлуките што беа узвоени на Берлнската конференција во јануари, спречување на нелегалните напади на пучистот Хафтер кој ги прекшри сите договори за прекин на огнот, интензивирање на активностите за формирање нов устав во Сирија со цел да се изнајде политичко решение на прашањата во оваа земја и преземање заеднички став во однос на продолжувањето на постигнатото примирје во Идлиб.

На разговорот беше споделено искуството на Турција во борбата против Ковид-19 како и зајакнување на соработката во сферата на здравството во борбата против епидемијата.

Протестите во последните денови во САД по убиството на Афроамериканскиот граѓанин Џорџ Флојд од страна на полицијата беше едно друго прашање за кое разговараа Калин и Обрајен.



Слични вести