Бројот на оздравените пациенти од Ковид-19 во Турција достигна до 130 илјади

Во изминатите 24 часа се регистрирани 786 новозаразени од Ковид-19, а починаа 22 лица со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 165.555, а на смртните случаи достигна до 4.585 лица

1428252
Бројот на оздравените пациенти од Ковид-19 во Турција достигна до 130 илјади

Турција продолжува да бележи успех во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што продолжува и континуираниот пад во бројот на смртните случаи и новите случаи на заболени од вирусот.

Во изминатите 24 часа бројот на починатите се намали на 22 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна до 4.585.

Во изминатото деноноќие се направени 32.325 теста од кои се дијагностицирани 786 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 165.555 лица.

Заедно со уште 974 излекувани вкупниот број на оздравените пациенти кои досега се отпуштени од болница се зголеми на 129.921 лице.



Слични вести