Во руралното подрачје кај градот Тунџели се неутрализирани тројца терористи

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1427059
Во руралното подрачје кај градот Тунџели се неутрализирани тројца терористи

Во реализирана антитерористичка операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со борбата против тероризмот го напиша следното:„Овој викенд стана кошмар за терористичката организација. Во реализираната операција од страна на нашата јуначка жандармерија со поддршка од воздух во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај Тунџели се неутрализирани тројца терористи. На крајот на неделата само внатре во границите на земјата се неутрализирани 14 терористи.“

Во меѓувреме, установено е дека петте неутрализирани терористи на 29 мај во руралното подрачје на населеното место Херекол кај градот Сиирт се извршители на нападот на 3 мај во кој стана шехид (загина) пешадискиот постар десетар Бекир Ѓундеш.

Од друга страна пак, во обавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека е спречен обид за префрлување на група терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија и дека притоа се неутрализирани двајца терористи.



Слични вести