Продолжува падот на новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 23 лица

1427456
Продолжува падот на новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Продолжува падот на новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција и покрај зголемувањето на бројот на тестовите.

Во последните 24 часа константно продолжи падот на бројот на смртните случаи и инфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на заразените повторно се намали под илјада лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 23 лица и вкупно изнесува 4 563 лица.

Во истиот период беа остварени 31 525 тестови од кои 827 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 974 пациентı, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 128 947 лица.



Слични вести