Пораки по повод одбележувањето на 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили

Пораки по повод одбележувањето на 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили (THK) објавија Претседателството, потпретседателот Фуат Октај и Министерството за национална одбрана

1427354
Пораки по повод одбележувањето на 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили

Претседателството ја честита 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили (THK).

Во споделената објава на профилот на Претседателството на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Ја честитаме 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили (THK) и со почит, милост и благодарност се сеќаваме на сите наши шехиди (паднати борци) и газии (ветерани).“

Потпретседателот Фуат Октај исто така во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Нека е честита 109 годишнината од формирањето на нашите Турски воздушни сили (THK) кои за нашата независност и иднина воспоставуваат надвласт во небото и со гордост го виорат нашето славно знаме на небото.“

Министерството за национална одбрана, по повод 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили (THK) сподели видео со снимки на авионите кои се наоѓаат во инвентарот на воздушните сили.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Нека е честита 109 годишнината од формирањето на нашата Команда за воздушни сили, челичните крилја на небото, како неделлив дел на Турските вооружени сили (ТВС или TSK).



Слични вести