Порака од министерот Хулуси Акар по повод 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турските вооружени сили со своето над едновековно искуство, квалификуваниот персонал, модерната технологија и врвните постигнати успеси претставуваат извор на понос и гордост

1427352
Порака од министерот Хулуси Акар по повод 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во пораката што ја објави по повод 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили (THK) истакна дека со радост и воодушевување се одбележуваат 109 години од формирањето на Турските вооружени сили кои со своето над едновековно искуство, квалификуваниот персонал, модерната технологија и врвните постигнати успеси во сферата на военото воздухопловство, претставуваат извор на понос и гордост.

Акар рече дека Турските воздушни сили (THK) освен тоа што ги исполнуваат своите задача во борбата против тероризмот, истовремено ги извршуваат успешно и своите задачи коишто ги преземаат во рамките на активностите за поддршка на мирот во меѓународни рамки.

Тој појасни дека Турските воздушни сили (THK) формирани на 1 јуни 1911 година со инспирацијата којашто ја добиваат од мотото „Иднината е во небото“ со постојано развивање и унапредување се стекнаа со својата денешна супериорна воздушна технологија, така што со способноста за користење на оваа напредна технологија и со високо едуцираниот и квалификуван персонал денеска го заземаат своето угледно место меѓу водечките Воздушни сили во светот.

„Турција воздушни сили, освен тоа што ги исполнуваат своите задачи во борбата против тероризмот, успешно ги реализираат и своите задачи во рамките на активностите за поддршка на мирот коишто ги преземаат на меѓународната арена, со што продолжуваат да претставуваат извор на понос и гордост за нашиот честит народ. по повод одбележувањето на 109 годишнината од формирањето на Турските вооружени сили со милост и благодарност се сеќавам на Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци; на нашите честити шехиди (паднати борци) и нашите јуначки газии (ветерани) кои се презелени во нивниот вечен дом кои ги положија своите животи за спокојството и безбедноста на нашата татковина, нашата сина татковина, нашето небо и нашиот честит народ. До нашите јуначки газии (ветерени) кои се во живот ја изразувам мојата почит и благодарност.“ - напиша Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во пораката што ја објави по повод 109 годишнината од формирањето на Турските воздушни сили (THK).

 



Слични вести