Во воздушната операција на ТВС на северот на Ирак беа неутрализирани уште 3 терористи

Операциите ќе продолжат се додека не биде уништен и последниот терорист

1426552
Во воздушната операција на ТВС на северот на Ирак беа неутрализирани уште 3 терористи

Во воздушната операција на Турските воздушни сили (ТВС) на подрачјата Зап и Хафтанин на северот на Ирак беа неутрализирани уште 3 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерството за национална одбрана во објавата преку профилот на твитер соопшти дека во рамките на активностите за извидување и набљудување со беспилотните воздушни средства на подрачјата Зап и Хафтанин на северот на Ирак беа забележани 3 терористи кои беа неутрализирани во воздушната операција на ТВС. Операциите ќе продолжат се додека не биде уништен и последниот терорист, беше истакнато во објавата.

Заедно со објавата беа споделени и снимки од воздушната операција.

Од друга страна пак беа неутрализирани и двајца терористи на ПКК/ЈПГ коишто се обидоа да се инфилтрираат во зоната извор на мирот во Сирија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МО во врска со операциите беше истакнато дека „нашите специјалци кои ги неутрализираа двајцата терористи на ПКК/ЈПг кои се обидоа да се инфилтрираат во зоната Извор на мирот, со цел да ги нарушат благосостојбата и безбедосната атмосфера, не им даваат да здивна на терористичките организации и нивните приврзаници.“

Во операцијата на шумското подрачје Сехи во Битлис која беше поддржана и од воздух, заедно со оружјето беа неутрализирани тројца терористи на ПКК.

Еден од тројцата терористи којшто беше неутрализиран во операцијата е терористот Вејсел Алтун, познат под кодното име „Доктор Кендал“ и е  еден од убијците на командантот на градската команда на жандармеријата во Битлис мајорот Зафер Аккуш.

Наведениот терорист се наоѓа на списокот на барани терористи во сивата категорија.

И натаму продолжуваат операциите на ТВС во подрачјето.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во објавата преку профилот на твитер истакна дека во шумското подрачје Сехи ни изгоре душата, поради што има неплатен цех за претходните злосторства и убиства на терористите Засега неутраилизиравме уште 3 терористи. Крвта не ти остана непролеана. Почивај во спокојство голем хероју жандармериски мајоре Зафер Аккуш. Вечерва твоите другари по оружје во Битлис го испратија во пеколот терористот Вејсел Алтун.

Министерот Сојлу во една друга изјава рече дека во операциите на турските безбедносни сили во долината Казан во Чукурџа кај Хаккари беа неутрализирани уште тројца терористи од кои еден наводен висок раководител.

Терористите кои беа неутрализирани се одговорни за терористичкиот напад на 1 јуни 2019 во кој загинаа 2 турски војници.



Слични вести