Претседателот Ердоган по 2.5 месеци повторно во Анкара
Во среда претседателот Ердоган ќе претседава со Централниот управен одбор на Партијата за правда и развој

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по период од 2.5 месеци повторно ќе биде во Анкара.
Претседателот Ердоган над 2 месеци со должноста и активностите управуваше од Истанбул, додека почнувајќи од идната недела се очекува да продолжи во Анкара.
Во среда претседателот Ердоган ќе претседава со Централниот управен одбор на Партијата за правда и развој (АК партија) додека во четврток се очекува да претседава со состанокот на кабинетот во претседателскиот дворец.
Главна тема на состанокот на кабинетот што ќе се одржи лице в лице ќе биде борбата против епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), а исто така ќе се анализираат податоците по новите чекори. Членовите на кабинетот ќе разменат мислења и погледи во врска со новите чекри.
Случувањата во Либија и Сирија се една друга значајна тема на состанокот на кабинетот.
Исто така ќе се извршат потребните подготовки за случувањата во претстојниот период во Источниот Медитеран и ќе се разгледаат заедничките патроли со Русија во Идлиб како и состојбата на теренот.
Слични вести
