Ердоган: „Турција е земја која што го привлече вниманието на светот во периодот на епидемијата“

Убеден сум дека болниците коишто ги отворивме во периодот на епидемијата и тоа во рок од 2 месеци, ќе бидат модел пример за болниците за итна медицинска помош

1426654
Ердоган: „Турција е земја која што го привлече вниманието на светот во периодот на епидемијата“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Турција е земја којашто во периодот на епидемијата го привлече вниманието на светот.“

Во говорот на свеченото отворање на новата Болница за итна медицинска помош проф. д-р Мурат Дилменер во населбата Јешилќој во Истанбул, претседателот Ердоган рече:

„Турција е земја којашто особено во периодот на епидемијата, со здравствената инфраструктура и општото социјално осигурување, го привлече вниманието на целиот свет.

Убеден сум дека болниците коишто ги отворивме во периодот на епидемијата и тоа во рок од 2 месеци, ќе бидат модел пример за болниците за итна медицинска помош.

Голем број земји во светот, проблемот се обидоа да го решат со формирање и изградба на привремени полски и монтажни (префабрикувани) болници, додека ние со изградба на трајни болници проблемот го решивме за многу пократко време“ рече Ердоган.

Во врска со болниците за итна медицинска помош Ердоган потенцираше дека „Овие здравствени установи ќе бидат извор на гордост на Турција.

Фала му на господ, без да почувствуваме потреба од дополнителниот капацитет на болниците, успеавме да ја суспендираме брзината на ширење на едпиемијата.

Исто така реализираме сериозни потфати и отскок во полето на туризмот.

Бескрајно му благодариме на господ за секој здив сите чекори што ни ги овозможи да ги фрлиме на патот на услугите за земјата и граѓаните“ подвлече претседателот Ердоган.

Министерот за здравство Фахретин Коџа во говорот рече дека со отворањето на болницата, фрливме уште еден чекор напред кон зајакнувањето здравствениот систем на земјата.

Болниците за итна медицинска помош се задолжителни проекти за Турција. Ние сме земја со скапи искуства од земјотресите. Затоа имаме потреба од цврста безбеднст и сигурност наспроти евентуалните епидемии и природни несреќи. Деновиве болниците за итна медицинска помош ќе преземат приоритетна задача.

Болниците за итна медицинска помош ќе обезбедат поголема услуга на болниците во кои лекувањето на некои пациенти делумно беше одложено“ рече Коџа.

Нешто потоа, претседателот Ердоган учествуваше на свеченото отворање на болницата д-р Исмаил Нијази Куртулмуш – Хадимќој во Истанбул.

Ердоган во говорот во оваа прилика рече дека болницата е здание кое не потсетува на историјата и ќе биде средство за оздравување.

Во објавата преку профилот на твитер, претседателот Ердоган изрази големо задоволство од тоа што имаа можност да ја реставрираат воената болница којашто пред 129 години во Хадимќој беше изградена од страна на султанот Абдулхамит Втори и повторно да му ја пружат во услуга на народот.

На објавата на претседателот Ердоган беше објавено и видеото во врска со проектот на болницата во Хадимќој која се простира на површина од 23 хектари, односно 4500 метри квадратни затворена површина, која располага со капацитет од 101 легло, од кои 59 се наоѓаат во одделението за интензивна нега, а 42 легла за другите пациенти.



Слични вести