Ердоган: „Аирлија нека е болницата со капацитет од 1008 легла која ја завршивме за 45 дена“

Болницата располага со капацитет од 1008 легла и ја завршивме во предвидениот рок од 45 дена

1426623
Ердоган: „Аирлија нека е болницата со капацитет од 1008 легла која ја завршивме за 45 дена“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод свеченото отворање на Болницата за итна медицинска помош Проф. д-р Мурат Дилменер во Јешилќој во Истанбул сподели објава преку профилот на социјалните медиуми.

Претседателот Ердоган во објавата преку профилот на твитер истакна дека „Денес свечено ја отвораме Болницата за итна медицинска помош Проф. д-р Мурат Дилменер во Јешилќој во Истанбул која располага со капацитет од 1008 легла и ја завршивме во предвидениот рок од 45 дена, како што ветивме. Аирилија нека е болницата на земјата и народот.“

Во објавата на претседателот Ердоган беа споделени и снимки и инфорамции во врска со болницата.

Болницата за итна медицинска помош Проф. д-р Мурат Дилменер во Јешилќој се простира на површина од 125 илјади метри квадратни, од кои 75 илјади се затворен простор. Одделението за интензивна нега на болницата располага со 432 легла, додека по потреба има 1008 легла кои веднаш можат да се пружат во услуга на одделениеето за интензивна нега. Болницата располага со 16 операциони сали.



Слични вести