Бројот на новозаразените од Ковид-19 во Турција опадна на 839, оздравеа 989 пациенти

Во изминатите 24 часа се регистрирани 839 новозаразени од Ковид-19, а починаа 25 лица со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 163.942, а на смртните случаи достигна до 4.540 лица

1426778
Бројот на новозаразените од Ковид-19 во Турција опадна на 839, оздравеа 989 пациенти

Продолжува континуираниот пад во бројот на смртните случаи и на новите случаи на заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција.

И покрај зголемувањето на бројот на направените тестирања продолжува да опаѓа и бројот на новите случаи на заболени од вирусот. 

Во изминатите 24 часа бројот на починатие се намали на 25 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна до 4.540.

Во изминатото деноноќие се направени 35.600 теста од кои се дијагностицирани 839 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 163.942 лица.

Во изминатите 24 часа се излекувани уште 989 пациенти, со што вкупниот број на оздравени пациенти кои досега ја победија болеста во Турција и се отпуштени од болница се зголеми на 127.973 лица.

 



Слични вести