Во реализирани операции кај градот Сиирт и на северот на Сирија се неутрализирани 10 терористи

Во реализирани операции кај градот Сиирт во границите на земјата и преку границата во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, се неутрализирани 10 терористи

1426270
Во реализирани операции кај градот Сиирт и на северот на Сирија се неутрализирани 10 терористи

Во реализирана антитерористичка операција на планината Херекол во населеното место Первари кај градот Сиирт, се неутралиизрани 5 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Во реализираната операција од страна на Специјалните полициски сили (ПОХ) и Специјалните жандармериски сили (ЖОХ) се неутрализирани 5 терористи меѓу кои се наоѓа и т.н. одговорно лице за планината Херекол. Најзначајно пак, е тоа што е разбиен т.н. штаб Херекол.“

Во меѓувреме и во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана е информирано дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето.



Слични вести