Турција го осуди бруталното убиство на 8-те хуманитарци во Сомалија

МНР на Турција објави соопштение со кое го осуди извршениот терористички акт во Сомалија во кој загинаа 8 мина хуманитарни работници

1426193
Турција го осуди бруталното убиство на 8-те хуманитарци во Сомалија

Турција го осуди терористичкиот акт во Сомалија во кој загинаа 8 лица.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи во врска со реализираниот терористички напад врз една здравствена институција во Сомалија во кој загинаа 8 лица се истакнува следното: „Го изразуваме нашето сочувство до братскиот сомалиски народ и и сомалиската влада, на загинатите им посакуваме милост од Аллах.“ 

Во соопштението се истакнува дека со големо жалење е дочекана веста за реализираниот терристички напад од страна на неидентификувани вооружени групи врз една здравствена институција во селото Гололеј во областа Хиршабел при што беа киднапирани 8 хуманитарни работници кои потоа беа брутално измасакрирани.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели следното: „Остро го осудуваме овој грозен терористички акт. Го изразуваме нашето сочувство до братскиот народ и владата на Сомалија, а на загинатите им посакуваме милост од Аллах.“



Слични вести