Реакција од Турција до Грција во врска со читањето Куран во Ајасофија: Тоа се залудни изјави

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека по читањето на Куран во Ајасофија Грција продолжува да дава залудни изјави коишто ќе немаат никакви резултати и ја повика Грција да се очисти од своите историски комплекси

1426308
Реакција од Турција до Грција во врска со читањето Куран во Ајасофија: Тоа се залудни изјави

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој на изјавите на грчкото министерство за надворешни работи во врска со читањето на Куран во Ајасофија покажа реакција со зборовите: „Турција не делуваше во спротивност ниту на монументалното својство на Ајасофија во светски рамки, ниту на спогодбата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура УНЕСКО.“

Портпаролот Аксој во одговорот што го даде на едно поставено прашање нагласи дека по читањето на Куран во Ајасофија Грција продолжува да дава залудни изјави коишто ќе немаат никакви резултати.

Велејќи „Тоа што Грција како единствена земја во Европа во чиј главен град која нема џамија, во период кога се слуша езан од минарињата во Европа и се сфаќа значењето на принципот на меѓусебно почитување, е вознемирена од читањето на Куран-и Керим во Ајасофија, служи за пример во негативна смисла од аспект на тоа да се сфати во каква присхолошка состојба се наоѓаа оваа земја“, Аксој привлече внимание дека се уште се свежи во мислите обидите на средините кои под изговор на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беа во обид да го замочат езанот којшто се чита стотици години во Западна Тракија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој потсети дека овие дела пристигнаа до денешните генерации благодарение на вниманието, претпазливоста и грижата коишто ги покажува Турција кон историските знаменитости на Истанбул кои претставуваат елементи на наследство, а воендо го додаде следното: „Ајасофија ќе остане како значајна вредност на Турција и човештвото и ќе продолжи да се зачувува. Ја повикуваме Грција да се очисти од своите историски комплекси.“



Слични вести