Пофалби од СЗО до Турција за доставената медицинска помош на повеќе од 80 земји во светот

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) епидемиолог д-р Маргарет Харис во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ упати пофалби до Турција за доставената медицинска помош на повеќе од 80 земји во светот

1426200
Пофалби од СЗО до Турција за доставената медицинска помош на повеќе од 80 земји во светот

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) епидемиолог д-р Маргарет Харис која е едната од најактивните портпароли на организацијата во текот на процесот на пандемијата со Ковид-19, даде изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“.

Во врска со доставената медицинска помош од страна на Турција на повеќе од 80 земји во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Харис истакна дека тоа претставува пример на солидароста и поддршката којашто треба да ја покажат сите со цел да го победиме вирусот.

Маргарет Харис упатувајќи пофалби до Турција ја изнесе следната констатација: „Оваа помош претставува убав пример на дарежливоста, поддршката и солидарноста коишто треба да ја покажуваме меѓусебно за да го победиме вирусот.“

Инаку, Турција во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) им достави медицинска помош на голем бронј земји низ ацелиот свет меѓу кои се наоѓаат и САД, Велика Британија, Италија, Шпанија и балканските земји меѓу кои и Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава на 15 мај истакна дека 135 земји побараа помош во медицински материјали од Турција и дека од нив е одговорено и се исполнети барањата на околу 80 земји.



Слични вести