Фуат Октај: Светската здравствена организација (СЗО) треба да се преструктуира

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) треба да се преструктуира на начин со којшто ќе биде повеќе децентрализирана, помалку бирократска, пофлексибилна и потранспарентна.

1426021
Фуат Октај: Светската здравствена организација (СЗО) треба да се преструктуира

Потпретседателот Фуат Октај вчера учествуваше на онлајн семинарот (webinarda) во заедничка организација на Атлантскот совет и Турската фондација за наследство (THO) кадешто ја раскажа приказната на успехот на Турција во борбата против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19.

Октај истакна дека светот не можеше да даде добар испит во процесот на глобалната епидемија на коронавирусот, меѓутоа Турција е многу успешна.

Фуат Октај напомена дека Светската здравствена организација (СЗО) треба да се преструктуира на начин со којшто ќе биде повеќе децентрализирана, помалку бирократска, пофлексибилна и потранспарентна.

Потпретседателот Фуат Октај рече дека глобализацијата во голема мера е суспендирана и земјите западнаа во своите сопствени грижи, а воедно потсети дека во процесот на борбата против епидемијата на Ковид-19 дојде до зголемување на позитивното зближување помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) и со тоа се појавија нови можности.



Слични вести