Британскиот информативен сервис „BBC“ со пофалби за борбата на Турција против Ковид-19

Британскиот информативен сервис „ББС“ („BBC“) упати пофалби на борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) потенцирајќи дека таа претставува „приказна за успех“

1426117
Британскиот информативен сервис „BBC“ со пофалби за борбата на Турција против Ковид-19

Британскиот јавен радиодифузен сервис „ББС“ („BBC“) упати пофалби на борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) потенцирајќи дека таа претставува „приказна за успех“.

Во веста на дописникот на „ББС“ Орла Гуерин под наслов „Како Турција ја презеде контролата над Ковид-19“ се истакнува дека бројот на смртните случаи во земјата е низок во споредба со 83 милионското население.

Во написот им се одделува место и на ставови на експерти.

Професорот на одделот  за вирологија при Универзитетот во Кент д-р Џереми Росман рече: „Отворено кажано, Турција спречи да дојде до многу поголема катастрофа. Турција спаѓа во категорија на земји кои реагираа доста брзо против епидемијата, со тестирања, следење, изолација и со ограничување на движењето.Тоа е еден мал клуб на земји кои беа ефикасни во намалувањето на ширењето на вирусот.“

Во написот во кој се набројуваат преземените мерки директорката за народно здравство на Општина Фатих во Истанбул д-р Мелек Нур Аслан, говореше за активностите на скрининг.

Велејќи дека благодарение на децениското искуство стекнато за време на следењето на сипаниците вирусот почна да се следи уште од 11 март, првиот ден кога се појави, д-р Мелек Нур Аслан рече: „Плановите беа подготвени. Ги симнавме од полиците и почнавме да ги користиме.“

Во написот им се одделува место и на ставовите на вршителот на должноста претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Турција д-р Иршад Шаик кој истакна дека постојат лекции коишто Турција може да му ги понуди на светот во однос на народното здравство.

Во написот се нагласува дека на екипата на „ББС“ „BBC“ и е дадена дозвола да влезе во болницата  „Д-р Шехит Илхан Варанк“ која е изградена пред 2 години и е прилично развиена, така да пружа блескав и широк спектар на борба против вирусот.

Исто така и главниот лекар на болницата Нуреттин Јијит истакна дека чувствува гордост од стапката на смртност во болницата под 1 отсто и од празните кревети во одделението за интензивна нега на болницата.

Во написот се вели дека благодарение на фактори како што се големиот број на кревети за интензивна нега и младото население Турција располага со предности во борбата против Ковид-19, а исто така се нагласува дека сето тоа претставува „приказна за успех“.



Слични вести