Продолжува континуираниот пад на бројот на смртните случаи и новите случаи на заболени од Ковид-19 во Турција

Во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од Ковид-19 се намали на 28 лица, на новите случаи на заболени на 1.141, а оздравеа и се отпуштени од болница уште 1.594 пациенти

1425940
Продолжува континуираниот пад на бројот на смртните случаи и новите случаи на заболени од Ковид-19 во Турција

Продолжува доловената стабилност во борбата на Турција против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), што пак се одразува и на континуираниот пад на бројот на смртните случаи и на новите случаи на заболени од вирусот.

Во изминатите 24 часа бројот на починатие од Ковид-19 се намали на 28 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна до 4.489.

Во изминатото деноноќие се направени 36.155 теста од кои се дијагностицирани 1.141 новозаразено лице.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 162.120 лица.

Во изминатите 24 часа се излекувани уште 1.594 пациенти, со што вкупниот број на оздравени пациенти кои досега ја победија болеста во Турција и се отпуштени од болница се зголеми на 125.963 лица.

 

 



Слични вести