Претседателот Ердоган ја осуди насилната смрт на Афроамериканецот Флојд во САД

Во врска со насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото приведување од страна на американската полиција, претседателот Ердоган реагираше со зборовите: „Го осудувам овој нехуман (нечовечки) менталитет“

1425833
Претседателот Ердоган ја осуди насилната смрт на Афроамериканецот Флојд во САД

Претседателот на Реџеп Тајјип Ердоган во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер на англиски јазик направи проценка на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото насилно приведување од страна на полицијата во Соединетите Американски Држави (САД).

Во врска со насилната смрт на Џорџ Флојд за време на неговото приведување од страна на американската полиција, Ердоган рече: „Го осудувам овој нехуман (нечовечки) менталитет.“

„Расистичкиот и фашистички приод којшто доведе до убиство на Џорџ Флојд со измачување во градот Минеаполис во САД, не само што нè вознемири сите нас, туку истовремено беше и една од најболните манифестации на неправедниот поредок против кој се испречуваме, во целиот свет. Како припадник на исламската цивилизација која нè учи да го сакаме човештвото паради Створителот, го осудувам овој нехуман (нечовечки) менталитет. Турција отсекогаш (постојнао) застанувала против секој вид напад врз човештвото, без оглед на тоа каде и да се случува, во кој и да е контекст, на кој и да било начин.“ - порача Ердоган.

Потсетувајќи на хадисот на муслиманскиот божји паретник Хазрети Мухамед „Ниту белата раса нема надмоќ над црната. Ниту црната раса нема надмоќ над белата“, претседателот Ердоган рече: „Во согласност со овој принцип, ќе продолжиме да водиме борба за да ги заштитиме правата на целото човештво, без притоа да правиме никаква разлика којашто се темели на расата, бојата, религијата, јазикот или верувањето.“

Претседателот Ердоган во својата споделена објава напиша: „Верувам дека сторителите на овој нечовечки чин ќе ја добијат заслужената казна. Ќе го следиме прашањето. Ја изразувам мојата почит до Џорџ Флојд, го изразувам моето сочувство до неговото семејство и неговите блиски.“

Инаку, 46 годишниот Џорџ Флојд (Афроамериканец) кој прексиноќа под сомнение за измама беше приведен од страна на полицијата во Минеаполис, со минути го молеше полицаецот (белец) застанат со колено на неговиот врат велејќи „Не можам да дишам!“

Потоа беше истакнато дека Флојд кој од страна на екипите за итна помош кои дошле на местото на настанот беше префрлен во болница, починал, додека граѓаните, случајни минувачи кои го снимиле настанот со своите мобилни телефони потоа овие снимки ги споделиле преку социјалните медиуми.

Овие трогателни снимки повторно ги разгореа дискусиите во врска со полициското насилство над припадниците на црната раса во САД и доведоа до одржување на протести во голем број градови, а пред се во Минеаполис.



Слични вести