Ердоган: „Решителни сме на младите да им оставиме силна Турција“

Нашите здравствени објекти и општото здравствено осигурување по епидемијата ќе го привлечат вниманието на јавноста како успешен модел на глобално ниво

1425891
Ердоган: „Решителни сме на младите да им оставиме силна Турција“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „решителни сме на младите да им оставиме голема и силна Турција“.

Во говорот на свеченото отворање на болницата за брза помош Проф. д-р Фериха Оз во Санџактепе во Истанбул, претседателот Ердоган рече:

„Во период кога во голем број земји во светот се распадна задравствениот систем поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), Турција на најдобар начин ги искористи постоечките потенцијали и можности и со развој на нови можности, се искачи на повисоко ниво.

Оваа болница која претставува конкретен пример за нивото кое го постигна во здравствениот сектор на Турција, ќе биде во услуга на сите луѓе ои бараат лек во нашата земја.

Моментално од 190 земји пристигна барање за хуманитарна и здравствена помош. Досега позитивно одговоривме на над 90 земји со испраќање здравствена помош и опрема во сите пунктови.

Нашите здравствени објекти и општото здравствено осигурување по епидемијата ќе го привлечат вниманието на јавноста како успешен модел на глобално ниво.

Турција се искачи на ниво на земја која решително напредува кон постигнуваањето на сите предвидени цели, но исто така постојат уште низа сулуги кои што треба да се пружат.

Турција сигурно ќе ги постигне предвидените цели во 2023 година (100-та годишнина од формирањето на Републиката). Денес кога ја одбележуваме 567-та годишнина од Освојувањето на Истанбул, исто така решителни сме во постигнувањето на предвидените цели во 2053 година, 600-та годишнина од Освојувањето на Истанбул од страна на султанот Мехмет Втори Освојувачот“ подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести