Денес свечено се одебележува 567-та годишнина на освојувањето на Истанбул

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на манифестацијата на која ќе се одржи концерт на воениот оркестар Мехтеран ќе се приклучи во 20.53 часот со видео конференција

1425475
Денес свечено се одебележува 567-та годишнина на освојувањето на Истанбул

567-та година од Освојувањето на Истанбул се одбележува со специјални програми на кои учествува и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во рамките на свеченото одбележување најпрвин се одржа Парадата на оддавање почит кон на Денот на освојувањето на Истанбул која беше одржана од страна на Турската Федерација на Едриличарите.

Организацијата започна од командата на крајбрежната стража Саријер и бротчињата со турски знамиња на кои се наоѓаа и репрезентативците преку Босфор поминаа пред дворецот Хубер и го поздравија претседателот Ердоган кој им возврати со мавтање на рацете.

На ексклузивната програма по повод свеченото одбележување на Денот на освојувањето на Истанбул којашто ќе се одржи во сарајот Топкапи со учество на најстариот воен и спектакуларен оркестар Мехтеран при Министерството за национална одбрана, интепретаторот Асрланберк Султанбеков заедно со оркестарот ќе го интерпретираат маршот Мехтер.

Специјалниот концерт „Освојувањето на Истанбул“ ќе се емитува во живо во 19.00 часот според локално време преку каналите на Дирекцијата за комуникации при претседателството на Јутјуб и социјалните медиуми.

Во 19.00 часот според локално време ќе се одржи и манифестацијата на доделување на купот „Фетих“ (Освојување) на Фондацијата „Окчулар“ (Стрелци). На манифестацијата што ќе започне со читање молитви од светата книга Куранот и молитвата за освојување, освен доделувањето на наградите на финалиситите на традиционалното турско стрелаштво, ќе се прикаже и видеото на првопласираниот на натпреварот за најдобро читање на песната посветена на „Освојувањето на Истанбул“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на манифестацијата на која ќе се одржи концерт на воениот оркестар Мехтеран, ќе има лајт шоу и огноме, ќе се приклучи во 20.53 часот со видео конференција.

Радоста по повод одбележувањето на годишнината на Освојувањето на Истанбул ќе продолжи со манифестацијата што ќе се одржи од страна на Министерството за култура и туризам во 21.30 часот во Ајасофија.

Програмата ќе започне со дрон снимките на кои ќе бидат прикажани секвенци од копнениот пат низ кој поминаа бродовите на султанот Мехмет Втори Освојувачот и неговото доаѓање во Ајасофија.

Во рамките на програмата која ќе продолжи со читање на сурата Фетих (Ел Фетх - Освојување) ќе се проучи и молитвата Фетих. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на програмата во чии рамки на платформата пред Ајасофија ќе се одржи мапинг шоу на освојувањето на Истанбул, ќе учествува со видео конференција.

Свеченото одбележување и манифестацијата по повод освојувањето на Iстанбул ќе заврши со лајт шоу на историскиот полуостров.



Слични вести