Во експлозија во подрачјето на Идлиб во Сирија загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека за време на реализирање на патрола за контрола на патот во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија дојде до експлозија во која стана шехид (загина) еден турски војник

1424640
Во експлозија во подрачјето на Идлиб во Сирија загина еден турски војник

Во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „За време на реализирање на патрола за контрола на патот на 27 мај во подрачјето на Идлиб, на 250 метри јужно од областа за пребарување поради засега неутврдени причини дојде до експлозија во која беше ранет еден наш соборец кој веднаш беше префрлен на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот).“

Во соопштението, на турскиот војник кој стана шехид (загина) му се изразува милост од Аллах и се изразува сочувство до неговото семејство, Турските вооружени сили (ТВС) и до турскиот народ.



Слични вести