Состанок на претседателскиот кабинет посветен на последната состојба во врска со коронавирусот

Денеска ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1424931
Состанок на претседателскиот кабинет посветен на последната состојба во врска со коронавирусот

Денеска ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

На состанокот што ќе се одржи преку видеоконференција ќе биде направена проценка на последната состојба во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и чекорите коишто ќе бидат фрлени понатаму под светлината на последните добиени податоци.

Во меѓувреме, пред членовите на претседателскиот кабинет ќе има излагање и министерот за здравство Фахреттин Коџа во врска со деталните податоци во борбата против коронавирусот. 

На состанокот ќе бидат разгледани препораките на Научниот совет и ќе биде конкретизирано дали ќе продолжат воведните ограничувања во рамките на преземените мерки во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

По состанокот на претседателскиот кабинет се очекува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да се пјави пред камерите и да ја информира јавноста за донесените одлуки на состанокот.



Слични вести