Реализирана тринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола во Идлиб, во Сирија

Министерството за национална одбрана соопшти дека денеска на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, е реализирана тринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола

1425116
Реализирана тринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола во Идлиб, во Сирија

Во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и Руската Федерација денеска на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, со учество на копнените и воздушните елементи на двете земји, е реализирана тринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, со учество на копнените и воздушните елементи на Турција и Русија е реализирана тринаесетата заедничка турско-руска копнена патрола.“

 



Слични вести