МНР на Турција: Грчката држава најпрвин треба да се спаси од своето сопствено варварство

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој како одговор на изразот „варвар“ што го употреби шефот на грчката дипломатија Дендиас го рече следното: „Грчката држава треба најрпвин да се спаси од своето сопствено варварство“

1424802
МНР на Турција: Грчката држава најпрвин треба да се спаси од своето сопствено варварство

Турција покажа реакција против изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас кој во врска со Турција го употреби изразот „варвар“.

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој како одговор на изразот „варвар“ што го употреби шефот на грчката дипломатија Дендиас го рече следното: „Грчката држава треба најрпвин да се спаси од своето сопствено варварство.“

Привлекувајќи внимание дека Грција наместо да воспостави дијалог со Турција ја избира политиката на зголемување на тензијата и раководејќи се со внатрешно политички мотиви ја заведува (погрешно пренасочува) јавноста, Хами Аксој ја изнесе следната констатација: „Го повикуваме грчкото лидерство да се однесува разумно и пристојно, а кое се раководи со менталитетот непријателот на мојот непријател ми е пријател.“

Аксој нагласи дека во извештаите на меѓународните организации за човекови права отворено стои дека Грција ги прекршува фундаменталните права и слободи на мигрантите, а особено нивното право на живот.

„Срамно е тоа што оние кои на своите граници пред очите на целиот свет покажуваат секој вид бескрупулозен начин на однесување, ја нарекуваат Турција 'варвар'. Грчката држава најпрвин треба да се спаси од своето сопствено варварство. Затоа пак, треба да покажува почит кон правата на мигрантите (бегалците), да не врши измачување и лош третман врз нив и да не ги турка назад (да ги враќа присилно). Освен тоа, оние кои тврдат дека се 'колевка на цивилизацијата' треба да покажуваат почит кон оние кои не се од иста јазична и верска припадност со нив.“ - порача портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој.

 



Слични вести