Ердоган. „Турција блескава ѕвезда на новиот период“

Од понеделник ќе се нормализира животот во Турција

1425301
Ердоган. „Турција блескава ѕвезда на новиот период“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција во преструктуираниот глобален процес на преден план се појавува како блескава ѕвезда.

На прес конференцијата што ја одржа по состанокот на кабинетот што се одржа со посредство на видео конференција, претседателот Ердоган рече:

„Во изминатите 2,5 месеци кои ги поминавме во борба против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беше доставена неповратна помош на 5,5 милиони граѓани. Државата и во претстојниот период ќе продолжи со поддршката на граѓаните.

Ниту еден граѓанин не го оставивме насамо без оглед на тоа каде се наоѓа, дали во Мавританија или Боливија. Турција досега им помогна на 100 земји од 135 колку што побараа медицинска помош и опрема.

Бројот на заразените се намали како резултат на преземените мерки и санкции. Во рамките на новата нормала, почнувајќи од 1 јуни ќе се укине досегашната забрана за влез и излез од некои градови, а исто така ќе почнат со работа и државните службеници, вработените во јавниот сектор кои досега се сметаа за оправдано отсутни или пак имаа можност да работат на флексибилен начин.

На 1 јуни ќе почнат со работа рестораните, кафетериите, ќе се отворат плажите, градините, музеите, археолошките локалитети, библиотеките, детските јасли и градинките, забавиштата, ќе започнат индивидуалните спортски активности, ќе може да се одржуваат концерти под отворено небо, ќе започнат поморскиот туризам и транспортот,

Сметаме дека има потреба за спроведување на полицискиот час и ограничено движење на граѓаните уште одреден период.

Се додека  трае братството, единството и сплотеноста, цврсто сме убедени дека не чека многу посветла иднина.

Во новиот глобален процес кој се преструктуира од политички и економски аспект, уште отсега сфативме дека Турција ќе се искачи на многу завидно ниво. Турција на преден план се појавува како блескава ѕвезда на новиот период“ потенцираше претседателот Ердоган.



Слични вести