Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се намали на 30

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 576 пациенти, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 124 369 лица

1425270
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се намали на 30

Успехот на Турција во борбата против Ковид-19 продолжува со намалување на бројот на смртните случаи и заразени.

Во последните 24 часа константно продолжи падот на бројот на смртните случаи и инфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 30 лица и вкупно изнесува 4 461 лице.

Во истиот период беа остварени 33 559 тестови од кои 1 182 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 576 пациенти, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 124 369 лица.



Слични вести