Во воздушни операции во северниот дел на Ирак се неутрализирани 10 терористи

Во реализирани воздушни операции во областите Хафтанин, Хакурк и Асос во северниот дел на Ирак се неутрализирани 10 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1424391
Во воздушни операции во северниот дел на Ирак се неутрализирани 10 терористи

Во реализирани воздушни операции во северниот дел на Ирак се неутрализирани 10 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК продолжуваат со одлучност.

Во соопштението се вели дека во областите Хафтанин и Хакурк во северниот дел на Ирак со помош на летала за извидување и набљудување се установени 5 терористи, членови на  сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои беа неутрализирани со воздушна операција.

Освен тоа, Министерството за национална одбрана соопшти дека со координирана работа на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) се неутрализирани 5 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и во областа Асос во северниот дел на Ирак.

Од друга страна пак, во објавеното соопштение од губернијата на градот Ван се истакнува дека во реализирана операција поддржана од воздух во населеното место Ѓурпинар е неутрализиран терористот на ПКК Мустафа Ерташ познат под кодното име „Решит“ од списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја по кого се трага во врска со извршени два одделни напади во 2016 година во градот Ван, против претседателот на градскиот огранок на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) и полициско оклопно возило.

 



Слични вести