Од Егејското Море се спасени 72 присилно вратени мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на населеното место Фоча кај Измир спасија 72-јца мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража беа присилно вратени назад во територијалните води на Турција

1423629
Од Егејското Море се спасени 72 присилно вратени мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Во Егејското Море во близина на населеното место Фоча кај градот Измир од страна на турската крајбрежна стража се спасени 72-јца мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража беа присилно вратени назад во територијалните води на Турција.

Екипите на командата на турската крајбрежна стража добија информации дека во четири гумени чамци во Егејското Мое во близина на 'ртот Асланбурну се наоѓаат нерегуларни мигранти кои биле присилно вратени назад и оставени во турксите територијални води.

На местото на настанот веднаш беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Од морето беа спасени 72-јца мигранти меѓу кои се наоѓаа и жени и деца, од кои 34 државјани на Авганистан, 18 на Конго, 12 Африка, 6 Гвинеја и 2 на Пакистан.

Спасените нерегуларни мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција.

 



Слични вести