Ибрахим Калин за „Франс 24“: Франција и сите оние кои сѐ уште го поддржуваат Хафтар се на погрешна страна во Либија

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин напомена дека Франција и сите оние кои се уште го поддржуваат Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, се на погрешна страна во конфликтот во оваа земја

1423783
Ибрахим Калин за „Франс 24“: Франција и сите оние кои сѐ уште го поддржуваат Хафтар се на погрешна страна во Либија

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин за францускиот телевизиски канал „Франс 24“ („France 24“) направи проценка на најновите случувања во Либија.

Калин истакна дека Франција и сите оние кои се уште го поддржуваат Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, се на погрешна страна во конфликтот во оваа земја.

Велејќи дека пучистот Хафтар не е легитимен претставник на либискиот народ, Калин истакна дека Хафтар со поддршката што ја добива од Заливскиот регин, Русија и од некои други земји го зголемува насилството во Либија и дека ѝ донесе уште поголема болка на оваа земја. 

Ибрахим Калин подвлече дека владата на либискиот премиер Фајез ал-Сараџ која располага со меѓународен легитимитет, уште од самиот почеток се однесуваше многу одговорно и конструктивно, дека го применува прекинот на огнот и дека работи заедно со меѓународната заедница.

Укажувајќи на тоа дека на страната на Хафтар војуваат испратени платеници за Либија од Судан, Чад и Сирија, како и платници на руската воена фирма „Вагнер груп“ (руски платеници), Калин рече: „Сега поддржувачите на Хафтар сфатија дека тоа не преттсавува решение и дека не оди така. Владата на Сараџ низа пати досега истакна дека не сакаат воено туку политичко решение, меѓутоа јасно е тоа дека тие имаат право на самоодбрана.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин напомена дека Франција и сите оние кои се уште го поддржуваат Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, се на погрешна страна во конфликтот во оваа земја.

 

 

Kalın, Fransa ve Hafter'i hala destekleyen herkesin, Libya'daki çatışmanın yanlış tarafında olduğunu belirtti.

aa/remzi



Слични вести