Ибрахим Калин: Некои земји се однесуваат спротивно на територијалниот интегритет на Сирија

Портпаролот Ибрахим Калин истакна дека земјите кои ја поддржуваат сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД се однесуваат во спротивност со територијалниот интегритет на Сирија и идејата за политичко единство на оваа земја

1423829
Ибрахим Калин: Некои земји се однесуваат спротивно на територијалниот интегритет на Сирија

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин за францускиот телевизиски канал „Франс 24“ („France 24“) направи проценка на прашањето со Сирија.

Калин истакна дека земјите кои ја поддржуваат сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД се однесуваат во спротивност со територијалниот интегритет на Сирија и идејата за политичко единство на оваа земја.

Нагласувајќи дека Турција располага со несогласувања со Франција и со САД, Калин го рече следното: „Бидејќи, и двете земји ја поддржуваат ПЈД/ЈПГ која е сириски огранок на терористичката организцаија ПКК. ПКК во Франција и во Европската Унија (ЕУ) е призната како терористичка организација.“ 

Калин подвлече дека некои земји се во обид за формирање терористички коридор во Сирија и дека тоа е во спротивност со територијалниот интегритет на Сирија и идејата за политичко единство на оваа земја.

Тој нагласи дека Турција смета оти  сите средини во Сирија, Арапи, Курди, Туркменци, алевити и христијани треба да се наоѓаат на преговарачката маса против режимот на Бешар Асад, и рече: „Не можете да изберете одредена етничка или идеолошка група и ним да им обезбедите одредени привилегии.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет во својот говор се осврна и на односите помеѓу Турција и Ибрахим Калин, при што напомена дека помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп постојат добри односи.

Калин истакна дека онака како што има прашања за кои постои консензус (исто мислење) меѓу Турција и САД исто така повремено доаѓа и до несогласувања.

Тој потсети дека како последно се доживува несогласување со САД во врска со системите за противвоздушна одбрана „С-400“ кои Турција ги купи од Русија.

На едно поставено прашање во врска со активирањето на С-400 пак, Ибрахим Калин одговори со зборовите: „Во однос на С-400, всушност плановите се одвиваат како што е претходно испланирано. Имаше доцнења поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), но како и досега во принцип ние сме посветени на нашиот договор во однос на С-400.“

 



Слични вести