Фуат Октај: Турција ќе продолжи да стои покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека во период кога се подготвуваме за животот во нова нормала којшто ќе се воспостави поради влијанијата на епидемијата на Ковид-19 Турција ќе продолжи да стои покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1423820
Фуат Октај: Турција ќе продолжи да стои покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Фуат Октај преку видео конференција присуствуваше на церемонијата на потпишување на Договорот за економска и финансиска соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Октај истакна дека во период кога се подготвуваме за животот во нова нормала којшто ќе се воспостави поради влијанијата на епидемијата на новиот тип коронаровирус (Ковид-19), Турција ќе продолжи да стои покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Октај рече: „Одлучни сме заедно да ги фрлиме со сериозност и без да губиме време неопходните чекори за да обезбедиме Турската Република Северен Кипар (ТРСК) да се стекне со одржлива економија.“

Велејќи дека Договорот за економска и финансиска соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е дизајниран на начин да го поддржи лекувањето на раните предизвикани од епидемијата врз економијата, потпретседателот Фуат Октај рече: „Со договорот ги доставуваме во вид на неповратна помош и кредит финансиските извори во износ од 2 милијарди 288 милиони 876 илјади турски лири (приближно 330 милиони долари). Во период кога силно се подготвуваме за новата нормала Договорот за економска и финансиска соработка 2020 ќе стане основа за издигнување на  Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и нашето братство.“



Слични вести