Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се намали на 28 лица

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 492 пациенти, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 121 507 лица.

1423854
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се намали на 28 лица

Успехот на Турција во борбата против Ковид-19 продолжува со намалување на бројот на смртните случаи и заразени.

Во последните 24 часа константно продолжи падот на бројот на смртните случаи и инфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 28 лица и вкупно изнесува 4 397 лица.

Во истиот период беа остварени 19 853 тестови од кои 948 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 492 пациенти, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 121 507 лица.



Слични вести