Во Турција од Ковид-19 починаа 29 лица, регистрирани се 987 новозаразени, а оздравеа 1.321 пациент

Во Турција од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 29 лица, регистрирани се 987 новозаразени, а оздравеа 1.321 заболено лице од вирусот

1423401
Во Турција од Ковид-19 починаа 29 лица, регистрирани се 987 новозаразени, а оздравеа 1.321 пациент

Успехот што го бележи Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува со намалување на бројот на смртните случаи и случаите на зараза.

Бројот на регистрираните случаи на зараза од вирусот опадна под илјада.

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 29 лица, со што вкупниот број на смртни случаи  достигна до 4.369.

Во изминатото деноноќие се направени и 21.492 теста од кои се дијагностицирани 987 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 157.814 лица.

Заедно со уште 1.321 излекувано лице во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравени пациенти кои досега ја победија болеста во Турција и се отпуштени од болница се зголеми на 120.015 лица.



Слични вести