Телефонската дипломатија на претседателот Ердоган

Лидерите на средбите меѓусебно си го честитаа празникот Рамазан бајрам

1423027
Телефонската дипломатија на претседателот Ердоган

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод празникот Рамазан бајрам оствари телефонски разговори со лидерите на некои земји.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството беше истакнато дека претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со иранскиот претсдетаел Хасан Рохани, пакистанскиот претседател Ариф Алви, туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов, азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и султанот на Оман Хејсем Бин Тарик.

Лидерите на средбите меѓусебно си го честитаа празникот Рамазан бајрам а исто така разменија мислења во врска со соработката во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) како и чекорите што ќе се преземат по епидемијата, билатералните односи и регионалните прашања.



Слични вести