Ердоган: „Турција успешно се справува со епидемијата на Ковид-19“

Сликата со која се соочуваме по чекорите за премин кон нормализација ни покажува дека сме на прав пат

1423356
Ердоган: „Турција успешно се справува со епидемијата на Ковид-19“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција успешно се справува со епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и се приближува кон крајот.

Претседателот на државата Ердоган кој истовремено е и претсдетаел на Партијата за правда и развој (АКП) им го честиташе празникот Рамазан бајрам на претседателите на градските ограноци на партијата на 81 град.

Ердоган во говорот во оваа прилика рече:

„Од Господ посакувам да ни овозможи да доживееме уште низа празнични и убави денови кои навистина ќе можеме да ги прославиме празнично.“

Надоврзувајќи се на епидемијата на Ковид-19, Ердоган рече дека Турција успешно се справува со глобалната еидемија и се приближува кон крајот.

Сликата со која се соочуваме по чекорите за премин кон нормализација ни покажува дека сме на прав пат. Со новиот начин на живеење, овој период ќе го надминеме со најмала штета и загуби. Посебно му благодарам на целиот народ и сите граѓани особено за нивната стпрливост што ја покажуваат во борбата против епидемијата со поддршката на мерките што ги преземаме како и прогласувањето 4 дневен полициски час од 23 мај наваму, кој се совпаѓа со празникот.



Слични вести