Чавушоглу: „Турско-африканското партнерство - пример во новиот постпандемиски поредок“

Турција ќе продолжи со поддршката на Африка во ОН и сите други меѓународни организации чија членка е и самата

1423361
Чавушоглу: „Турско-африканското партнерство - пример во новиот постпандемиски поредок“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изрази надеж и очекување дека по периодот на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), Турско-африканското партнерство ќе биде пример за новиот период.

Министерот Чавушоглу по повод 25 мај, Денот на Африка објави напис за некои африкански медиуми и весници под наслов „Единството со Африка е поважна од кога и да е претходно“.

Чавушоглу во написот им го честита Денот на Африка на сите Африканци и потенцираше дека во период кога во светот се води беспоштедна борба против епидемијата на Ковид-19, вонредните услови кои се појавија налагаат потреба за подобро сфаќање на меѓусебната солидарност која што ја симболизира Денот на Африка.

Односите меѓу Турција и Африка се базираат на начелото „win-win“ и меѓусебен респект и се цели искачување на нивото на односите.

Турција уште од самиот почеток на партнерството со Африка го избра патоказот за безусловна поддршка на целите кои ги определи континетот. Турција чувствува големо задоволство од партнетрството со Африка и за нас Африка е континент којшто го носи духот од 1963 и цели кон остварувањето на целите на Африканската Унија за 2063.

Турција ќе продолжи со поддршката на Африка во ОН и сите други меѓународни организации чија членка е и самата и во тие рамки  ќе ги испочитува нејзините приоритети. Посакуваме во најскоро време да се одржи 3-от самит на Турско-африканското паартнерство. По Турско-африканските економски и бизнис форуми што се одржаа во 2016 и 2018 во Истанбул, претстојниот Самит планираме да се одржи во октомври.

Светот неспремно го дочека Ковид-19. Турција е земја која подаде рака на помош на низа земји во светот, рече Чавушоглу и ја изрази спремноста на Турција за пружање помош на африканските земји кои ќе достават барање за помош.



Слични вести